длабок
Значење на длабок:
1. Што има дно на голема оддалеченост од површината или од отворот; плиток. Длабок бунар. Длабоко езеро. Длабока дупка.
2. Што навлегува далеку во внатрешноста на некоја средина, простор. Длабок корен. Длабока сцена. Длабока шума.
3. Што е временски многу оддалечен. Длабоко минато. Длабоки традиции.
4. Што навлегол далеку во својот развој, живот. Длабока есен. Длабока старост.
5. Што е силно изразен во своите својства. Длабока мисла. Длабока тага. Длабоки чувства. Длабока омраза. Длабоко сочувство.
6. Низок тон. Длабок глас.
Членувана форма: длабокиот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Тоне во длабок сон – цврсто спие. Има длабок џеб – има многу пари. Остава длабока трага – останува долго во сеќавање. Пушти длабоки корења – заземе цврста и постојана положба, се зацврсти на некое место.
Оригинални податоци:
длабок, длабокиот прид. 1. Што има дно на голема оддалеченост од површината или од отворот; спрот. плиток. Длабок бунар. Длабоко езеро. Длабока дупка. 2. Што навлегува далеку во внатрешноста на некоја средина, простор. Длабок корен. Длабока сцена. Длабока шума. 3. Што е временски многу оддалечен. Длабоко минато. Длабоки традиции. 4. Што навлегол далеку во својот развој, живот. Длабока есен. Длабока старост. 5. Што е силно изразен во своите својства. Длабока мисла. Длабока тага. Длабоки чувства. Длабока омраза. Длабоко сочувство. 6. Низок тон. Длабок глас. ◊ Тоне во длабок сон – цврсто спие. Има длабок џеб – има многу пари. Остава длабока трага – останува долго во сеќавање. Пушти длабоки корења – заземе цврста и постојана положба, се зацврсти на некое место.