дланка

Именка, женски род

Значење на дланка:

1. (анат.) Внатрешната страна на шаката без прстите. Во дланката држеше ситна пара.

2. Мерка за должина. Само везирот и конзулот и меѓу нив, за дланка пониско, склопчен седеше тој.

Множина: дланки.

Изведени зборови:

  • дланче, и. ср. дем.
  • дланчиште, и. ср. аугм.

Фразеолошки израз / поговорка:

Како капка вода на дланка – грижливо чува. Чита од дланки – ја претскажува иднината гледајќи во линиите на дланката. Се гледа како на дланка – точно и јасно се гледа. Познава како својата дланка – добро познава некого или нешто.

Оригинални податоци:

дланка, мн. дланки ж. 1. (анат.) Внатрешната страна на шаката без прстите. Во дланката држеше ситна пара. 2. Мерка за должина. Само везирот и конзулот и меѓу нив, за дланка пониско, склопчен седеше тој. ǁ дланче мн. дланчиња ср. дем. ǁ дланчиште мн. дланчишта ср. аугм. ◊ Како капка вода на дланка – грижливо чува. Чита од дланки – ја претскажува иднината гледајќи во линиите на дланката. Се гледа како на дланка – точно и јасно се гледа. Познава како својата дланка – добро познава некого или нешто.