дневен

Придавка

Значење на дневен:

1. а) Што се однесува на денот. Дневна светлина. Дневна температура. б) Што се случува дење, што се извршува преку ден. Дневни задолженија. Дневна работа. в) Што се извршува во текот на еден ден, еднодневен. Дневен трошок. Дневен пазар. Дневна листа на јадења.

2. Што се случува, се извршува секој ден, секојдневен. Дневна политика.

Членувана форма: дневниот.

Изведени зборови:

  • дневно, прил. 1. На ден. Трипати дневно девојките се собираат. 2. Секој ден, секојдневно. Тие ги минуваа дните со неколку желади дневно.

Фразеолошки израз / поговорка:

Дневен печат, дневен весник – весник што излегува секој ден (за разлика од периодичните списанија). Дневен ред – утврден ред на прашањата што ќе се разгледуваат на седница, состанок и сл. Дневна соба – салон, соба во која се минува поголемиот дел од денот.

Оригинални податоци:

дневен, дневниот прид. 1. а) Што се однесува на денот. Дневна светлина. Дневна температура. б) Што се случува дење, што се извршува преку ден. Дневни задолженија. Дневна работа. в) Што се извршува во текот на еден ден, еднодневен. Дневен трошок. Дневен пазар. Дневна листа на јадења. 2. Што се случува, се извршува секој ден, секојдневен. Дневна политика. ◊ Дневен печат, дневен весник – весник што излегува секој ден (за разлика од периодичните списанија). Дневен ред – утврден ред на прашањата што ќе се разгледуваат на седница, состанок и сл. Дневна соба – салон, соба во која се минува поголемиот дел од денот. ǁ дневно прил. 1. На ден. Трипати дневно девојките се собираат. 2. Секој ден, секојдневно. Тие ги минуваа дните со неколку желади дневно.