дно
Значење на дно:
1. Долниот дел од некој сад, долната површина од некој предмет. На главата носеше тркалезен дрвен сад со рамно дно.
2. Долниот дел од некаква вдлабнатина, долина, котлина на земјената површина. Во дното на долот си игра бистрата вода.
3. Тврда земјена површина, тло на кое лежи водената маса на морето, езерото, реката и сл. Речно дно. Морско дно.
4. (прен.) Крај, завршок на нешто. Остана некаде при дното на табелата. Тогаш се слушна од дното на хоризонтот еден друг глас.
Множина: дна.
Фразеолошки израз / поговорка:
Од дното на душата (мрази / сака) – многу силно, до крајни граници. Од дното на душата (кажува нешто) – искрено. Во дното на душата (срцето) – длабоко во себе, потајно. Стигне до дното – пропадне економски или морално.
Оригинални податоци:
дно, мн. дна ср. 1. Долниот дел од некој сад, долната површина од некој предмет. На главата носеше тркалезен дрвен сад со рамно дно. 2. Долниот дел од некаква вдлабнатина, долина, котлина на земјената површина. Во дното на долот си игра бистрата вода. 3. Тврда земјена површина, тло на кое лежи водената маса на морето, езерото, реката и сл. Речно дно. Морско дно. 4. (прен.) Крај, завршок на нешто. Остана некаде при дното на табелата. Тогаш се слушна од дното на хоризонтот еден друг глас. ◊ Од дното на душата (мрази / сака) – многу силно, до крајни граници. Од дното на душата (кажува нешто) – искрено. Во дното на душата (срцето) – длабоко во себе, потајно. Стигне до дното – пропадне економски или морално.