до
Значење на до:
1. Простор, близина, непосредно соседство, местоположба покрај некого или нешто. До куќата имаше неколку стари греди. Се поздрави и седна до него.
2. Досегање до некоја граница, вршење на дејство до определено место. Дојдов до потокот и се вратив. Книгата ја прочита само до средина оти не беше интересна.
3. Близина на истородни поими во некаква нареденост. Коњ до коња, јунак до јунака. (нар. поез.) Сето кажување му беше лага до лага.
4. Насоченост на дејството кон внатрешноста на објектот. Скокни до самопослугата да купиш кафе.
5. Граничен временски период до кој досега некое дејство. До пензионирањето останал директор. Сметавме дека е така сѐ до твоето објаснување.
6. Нагласена крајна фаза на некое дејство, резултат или последица од некое дејство. Се бореле до уништување. Вратните жили му набрекнале до прснување.
7. Временска отсечка. По неколкуте гранични инциденти, дојде до заладување на односите.
8. Желба, намера, цел. Кому му е до пеење, нека си пее. Не ми е до смеење.
9. Приближно количество; околу. Во трлото имаше до двесте овци.
10. Причина, зависност. До фудбалот е, не е до радиопреносите. 1Упатеност, насоченост кон некого или кон нешто. Се обратив до Министерството за труд и социјална политика. 12. Истакнување, потсилување на некој збор во исказот. Ја почекај да ти кажам до два збора, до два изгора. (нар.поез.) 13. Сѐ, целосно (разг.) До што беше живо, сѐ избега од селото. 14. Заедно со од, крајна точка на нешто во однос на некој познат почеток. Од Скопје до Охрид се одело само преку Битола. Се веселеле од недела до недела.
Фразеолошки израз / поговорка:
До бога – извик за силно чувствено реагирање. До век / До гроб / До живот – до крајот на животот. До еден – секој, сите, до последен. Од игла до локомотива – изобилство, сѐ, сешто. Од ноќ до ноќ – постојано, без прекин.
Оригинални податоци:
до предл. 1. Простор, близина, непосредно соседство, местоположба покрај некого или нешто. До куќата имаше неколку стари греди. Се поздрави и седна до него. 2. Досегање до некоја граница, вршење на дејство до определено место. Дојдов до потокот и се вратив. Книгата ја прочита само до средина оти не беше интересна. 3. Близина на истородни поими во некаква нареденост. Коњ до коња, јунак до јунака. (нар. поез.) Сето кажување му беше лага до лага. 4. Насоченост на дејството кон внатрешноста на објектот. Скокни до самопослугата да купиш кафе. 5. Граничен временски период до кој досега некое дејство. До пензионирањето останал директор. Сметавме дека е така сѐ до твоето објаснување. 6. Нагласена крајна фаза на некое дејство, резултат или последица од некое дејство. Се бореле до уништување. Вратните жили му набрекнале до прснување. 7. Временска отсечка. По неколкуте гранични инциденти, дојде до заладување на односите. 8. Желба, намера, цел. Кому му е до пеење, нека си пее. Не ми е до смеење. 9. Приближно количество; околу. Во трлото имаше до двесте овци. 10. Причина, зависност. До фудбалот е, не е до радиопреносите. 11. Упатеност, насоченост кон некого или кон нешто. Се обратив до Министерството за труд и социјална политика. 12. Истакнување, потсилување на некој збор во исказот. Ја почекај да ти кажам до два збора, до два изгора. (нар.поез.) 13. Сѐ, целосно (разг.) До што беше живо, сѐ избега од селото. 14. Заедно со од, крајна точка на нешто во однос на некој познат почеток. Од Скопје до Охрид се одело само преку Битола. Се веселеле од недела до недела. ◊ До бога – извик за силно чувствено реагирање. До век / До гроб / До живот – до крајот на животот. До еден – секој, сите, до последен. Од игла до локомотива – изобилство, сѐ, сешто. Од ноќ до ноќ – постојано, без прекин.