доаби
Значење на доаби:
1. За нож – намали острина на сечилото до крај; сосема затапи. Нашиот готвач многу брзо ги доаби ножевите.
2. Искине, излити до крај. Ова палто се доаби оваа зима.
Конјугација: доабат.
Изведени зборови:
- се ~ доаби, 1. Се намали острината на сечилото до крај; сосема се затапи. 2. Се искине, се излити до крај.
- (се) доабува, глаг. несв. (се) доабуваат
Оригинални податоци:
доаби, доабат св. 1. За нож – намали острина на сечилото до крај; сосема затапи. Нашиот готвач многу брзо ги доаби ножевите. 2. Искине, излити до крај. Ова палто се доаби оваа зима. ● се ~ 1. Се намали острината на сечилото до крај; сосема се затапи. 2. Се искине, се излити до крај. ǁ (се) доабува, (се) доабуваат несв.