доаѓа

Глагол, несвршен

Значење на доаѓа:

1. Пристигнува од некаде на кој било начин. Таа доаѓаше на работа точно во девет часот. Доаѓаше возот и него го обзеде нестрпливост. Од фронтот не доаѓаа никакви вести.

2. За вода – дотекува, надоаѓа. Доаѓаат сите реки и сѐ однесуваат. Брановите што доаѓаа од ширината не навлегуваа во пристаништето.

3. За миризба – се шири, се разлева. Од кафеанчето доаѓаше мирис на топли погачи. Одвреме-навреме доаѓаше мирис на липи.

4. Ми (ти, му...) посакува; има желба. Ми доаѓа да заплачам од радост. & доаѓаше да се развреска.

5. Обзема, исполнува. Одвреме-навреме само по себе му доаѓаше еден вид спокојство. Му доаѓаше некоја леснина и во мислите изнаоѓаше убави зборови за него.

6. За време – настапува, започнува. Доаѓа време на големи долги ноќи. Пролетта доаѓаше полека, несигурно.

Коњугација: доаѓаат.

Изведени зборови:

  • доаѓање, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Не доаѓа предвид – не може да се смета на нешто, на некого; никако. Доаѓа на ум (памет) – помислува, се сети. Доаѓа на себе – се освестува. Ми (ти, му...) доаѓа на сон – сонувам.

Оригинални податоци:

доаѓа, доаѓаат несв. 1. Пристигнува од некаде на кој било начин. Таа доаѓаше на работа точно во девет часот. Доаѓаше возот и него го обзеде нестрпливост. Од фронтот не доаѓаа никакви вести. 2. За вода – дотекува, надоаѓа. Доаѓаат сите реки и сѐ однесуваат. Брановите што доаѓаа од ширината не навлегуваа во пристаништето. 3. За миризба – се шири, се разлева. Од кафеанчето доаѓаше мирис на топли погачи. Одвреме-навреме доаѓаше мирис на липи. 4. Ми (ти, му...) посакува; има желба. Ми доаѓа да заплачам од радост. & доаѓаше да се развреска. 5. Обзема, исполнува. Одвреме-навреме само по себе му доаѓаше еден вид спокојство. Му доаѓаше некоја леснина и во мислите изнаоѓаше убави зборови за него. 6. За време – настапува, започнува. Доаѓа време на големи долги ноќи. Пролетта доаѓаше полека, несигурно. ◊ Не доаѓа предвид – не може да се смета на нешто, на некого; никако. Доаѓа на ум (памет) – помислува, се сети. Доаѓа на себе – се освестува. Ми (ти, му...) доаѓа на сон – сонувам. ǁ глаг. им. доаѓање ср.