добар

Придавка

Значење на добар:

1. а) Што е со мек и благ карактер, што не прави зло, што сочувствува со другите. Нема подобар учител од него. Тој беше добар човек и добар татко. Тие беа добри деца. б) Што е карактеристичен за човек со благ карактер. Тој има добра душа и добро срце.

2. Што има позитивни особини, што е пожелен, корисен. Добра идеја. Добра намера. Добро решение. Тој ни донесе добри вести. Тој му остави добар впечаток. Дождот е добар за посевите. Тој имаше добар вид.

3. За семејство, род – чесен, почитуван. По облеката и држењето изгледаше како човек од добар род. Таа е од многу добра фамилија.

4. а) Што одговара по своите особини на одредени барања или намена. Јас сум добар мајстор. Ручекот беше изобилен и добар. Тие правеа само бело вино зашто тоа е најдобро вино. Твојава земја е добра за компири. Велат дека таа тревка е добра за болното уво. б) Што соодветствува на барањата, на нормите во општеството. Добри односи. Добро воспитание. Добар прием.

5. Што е близок, верен некому. Тие беа добри пријатели.

6. За пари, печалба, приход – што е доволно голем, со значителен обем. Би можел да заработиш добри пари. Тие имаат добри плати. Овие трговци располагаат со добри парички.

7. Што е во голем број или количество; што е во полна мера. Во таа соба тој помина еден добар дел од својата младост. Уште еден добар дел од минутата се двоумеше дали да го стори тоа. Во училиштето собра доста добар број деца.

8. Средна оценка во училиште. Тие поминаа со добар и многу добар успех.

Членувана форма: добриот.

Изведени зборови:

  • добричок, прид. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Добар ден. Добар пат. Бидете со добра мисла – поздрави. Добра ноќ – пожелба за мирна, добра ноќ, кога се оди на спиење. Гледа со добро око – има убаво мислење за некого или нешто. Добра волја – желба, намера да се направи нешто убаво за некого. Добар глас (име) – има авторитет, ценет е во општеството, меѓу пријателите. Добриот глас далеку се слуша (посл.).

Оригинални податоци:

добар, добриот прид.1. а) Што е со мек и благ карактер, што не прави зло, што сочувствува со другите. Нема подобар учител од него. Тој беше добар човек и добар татко. Тие беа добри деца. б) Што е карактеристичен за човек со благ карактер. Тој има добра душа и добро срце. 2. Што има позитивни особини, што е пожелен, корисен. Добра идеја. Добра намера. Добро решение. Тој ни донесе добри вести. Тој му остави добар впечаток. Дождот е добар за посевите. Тој имаше добар вид. 3. За семејство, род – чесен, почитуван. По облеката и држењето изгледаше како човек од добар род. Таа е од многу добра фамилија. 4. а) Што одговара по своите особини на одредени барања или намена. Јас сум добар мајстор. Ручекот беше изобилен и добар. Тие правеа само бело вино зашто тоа е најдобро вино. Твојава земја е добра за компири. Велат дека таа тревка е добра за болното уво. б) Што соодветствува на барањата, на нормите во општеството. Добри односи. Добро воспитание. Добар прием. 5. Што е близок, верен некому. Тие беа добри пријатели. 6. За пари, печалба, приход – што е доволно голем, со значителен обем. Би можел да заработиш добри пари. Тие имаат добри плати. Овие трговци располагаат со добри парички. 7. Што е во голем број или количество; што е во полна мера. Во таа соба тој помина еден добар дел од својата младост. Уште еден добар дел од минутата се двоумеше дали да го стори тоа. Во училиштето собра доста добар број деца. 8. Средна оценка во училиште. Тие поминаа со добар и многу добар успех. ǁ добричок, мн. добричкиот прид. дем. ◊ Добар ден. Добар пат. Бидете со добра мисла – поздрави. Добра ноќ – пожелба за мирна, добра ноќ, кога се оди на спиење. Гледа со добро око – има убаво мислење за некого или нешто. Добра волја – желба, намера да се направи нешто убаво за некого. Добар глас (име) – има авторитет, ценет е во општеството, меѓу пријателите. Добриот глас далеку се слуша (посл.).