добере
Значење на добере:
1. Набере уште малку до нужната мера. Денес треба да се доберат уште десет килограми круши.
2. Заврши со берењето. Го добравме грозјето.
3. Доближи, дојде во непосредна близина на нешто. Сакаше да се увери и го добра лицето за да му ги види очите.
Коњугација: доберат , доберен, доберете , добери , добраа , добрав , добрал , добран , (ќе) добереа , (ќе) доберев , (ќе) доберел .
Изведени зборови:
- доберување, глаг. им. ср.
- се ~ добере, Дојде во непосредна близина на нешто, се доближи, дофати нешто. Само да се доберам до шумава. Тие веќе се добраа до генералски чин.
- (се) доберува, глаг. несв. (се) доберуваат
Оригинални податоци:
добере, доберат; добери, доберете; добрав, добраа; добрал; добран; (ќе) доберев, (ќе) добереа; (ќе) доберел; доберен св. 1. Набере уште малку до нужната мера. Денес треба да се доберат уште десет килограми круши. 2. Заврши со берењето. Го добравме грозјето. 3. Доближи, дојде во непосредна близина на нешто. Сакаше да се увери и го добра лицето за да му ги види очите. ● се ~ Дојде во непосредна близина на нешто, се доближи, дофати нешто. Само да се доберам до шумава. Тие веќе се добраа до генералски чин. ǁ (се) доберува, (се) доберуваат несв. ǁ глаг. им. доберување ср.