добие

Глагол, свршен

Значење на добие:

1. Прими нешто во сопственост, за користење, трошење, нешто што пред тоа не го поседувал, што некој му го дава, му го доделува, му го испраќа (на подарок, за пари или на друг начин). Сакаш сѐ сам да изедеш, а другите дечиња ништо да не добијат. Можеби ќе ја добијам во мираз и оваа бавча што нѐ рани. Тој доби една убава честитка од својот брат.

2. Прими (писмено или усно) некаква порака, соопштение, наредба. Доби задача и мораше веднаш да ја изврши. Не доби одговор на прашањето.

3. а) Произведе, стекне, постигне нешто (како резултат на труд, на дејност). Од нашата работа добивме солидни резултати. б) Стекне, постигне, се здобие со нешто. Брачниот пар наскоро доби новороденче. Тој почна да раскажува како го добил ревматизмот. Случајот доби голем публицитет.

4. Поприми, придобие друг лик, стане поинаков. Нејзиното лице се одлепи од неговото и доби поголема облина. Лицето на старецот доби плачлив израз.

5. Постигне зголемување во некое дејство; постигне добивка, заработи. Со тоа соработката доби во својот интензитет.

6. Победи, во игра, во натпревар, во борба. Наредната игра од натпреварот ја доби домаќинот.

Коњугација: добив , добиен, добиј , добија , добијат , добијте , добил , (ќе) добиев , (ќе) добиеја , (ќе) добиел .

Изведени зборови:

  • добива, глаг. несв. добиваат
  • добивање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

добие, добијат; добиј, добијте; добив, добија; добил; (ќе) добиев, (ќе) добиеја; (ќе) добиел; добиен св. 1. Прими нешто во сопственост, за користење, трошење, нешто што пред тоа не го поседувал, што некој му го дава, му го доделува, му го испраќа (на подарок, за пари или на друг начин). Сакаш сѐ сам да изедеш, а другите дечиња ништо да не добијат. Можеби ќе ја добијам во мираз и оваа бавча што нѐ рани. Тој доби една убава честитка од својот брат. 2. Прими (писмено или усно) некаква порака, соопштение, наредба. Доби задача и мораше веднаш да ја изврши. Не доби одговор на прашањето. 3. а) Произведе, стекне, постигне нешто (како резултат на труд, на дејност). Од нашата работа добивме солидни резултати. б) Стекне, постигне, се здобие со нешто. Брачниот пар наскоро доби новороденче. Тој почна да раскажува како го добил ревматизмот. Случајот доби голем публицитет. 4. Поприми, придобие друг лик, стане поинаков. Нејзиното лице се одлепи од неговото и доби поголема облина. Лицето на старецот доби плачлив израз. 5. Постигне зголемување во некое дејство; постигне добивка, заработи. Со тоа соработката доби во својот интензитет. 6. Победи, во игра, во натпревар, во борба. Наредната игра од натпреварот ја доби домаќинот. ǁ добива, добиваат несв. ǁ глаг. им. добивање ср.