доближи
Значење на доближи:
1. Поднамести поблиску до нешто или до некого. Ја доближи чашката до устата. Таа му ја напипа раката и ја доближи пак до лицето.
2. Дојде поблиску до нешто или до некого. Доближивме до друга композиција празни вагони и тој ме натера да влезам во еден од нив. Штом доближи до селото, тој виде што се случува.
Коњугација: доближаа , доближат , доближен и доближан , доближете , доближи , доближив , доближија и доближав , доближил и доближал , (ќе) доближеа , (ќе) доближев , (ќе) доближел.
Изведени зборови:
- доближување, глаг. им. ср.
- се ~ доближи, Дојде во близина на нешто или некого. Им направија место да се доближат до пламенот и да се згреат.
- (се) доближува, глаг. несв. (се) доближуваат
Оригинални податоци:
доближи, доближат; доближи, доближете; доближив, доближија и доближав, доближаа; доближил и доближал; доближен и доближан; (ќе) доближев, (ќе) доближеа; (ќе) доближел св. 1. Поднамести поблиску до нешто или до некого. Ја доближи чашката до устата. Таа му ја напипа раката и ја доближи пак до лицето. 2. Дојде поблиску до нешто или до некого. Доближивме до друга композиција празни вагони и тој ме натера да влезам во еден од нив. Штом доближи до селото, тој виде што се случува. ● се ~ Дојде во близина на нешто или некого. Им направија место да се доближат до пламенот и да се згреат. ǁ (се) доближува, (се) доближуваат несв. ǁ глаг. им. доближување ср.