добро
Значење на добро:
1. Сѐ што е убаво, вредно од морална гледна точка; нешто што е корисно за човекот. Тука се јавува вечната борба меѓу доброто и злото. Доброто е за во срцето, лошото на нож треба да се дочека.
2. Нешто што е извршено во полза на другите; добро дело, добрина. На доброто што ни го стори не требаше така да постапиш.
3. Благосостојба, безгрижен, среќен живот. Никогаш не плачеше како другите девојки и секому му сакаше добро. Тој се бори за нивно добро, за нивното ослободување.
4. Културно и материјално богатство. Тогаш доаѓа до прераспределба на материјалните добра. Општонародно, јавно добро.
5. Во обраќање – Ајде, добро мое!
Множина: добра.
Фразеолошки израз / поговорка:
Дели со некого добро и зло – постојано е заедно со некого. За кое добро? – зошто дојдовте; што има ново? Дал ти Бог добро – поздрав. Доброутро – поздрав што се упатува наутро при средба. Добровечер – поздрав што се упатува навечер при средба.
Оригинални податоци:
добро, мн. добра ср. 1. Сѐ што е убаво, вредно од морална гледна точка; нешто што е корисно за човекот. Тука се јавува вечната борба меѓу доброто и злото. Доброто е за во срцето, лошото на нож треба да се дочека. 2. Нешто што е извршено во полза на другите; добро дело, добрина. На доброто што ни го стори не требаше така да постапиш. 3. Благосостојба, безгрижен, среќен живот. Никогаш не плачеше како другите девојки и секому му сакаше добро. Тој се бори за нивно добро, за нивното ослободување. 4. Културно и материјално богатство. Тогаш доаѓа до прераспределба на материјалните добра. Општонародно, јавно добро. 5. Во обраќање – Ајде, добро мое! ◊ Дели со некого добро и зло – постојано е заедно со некого. За кое добро? – зошто дојдовте; што има ново? Дал ти Бог добро – поздрав. Доброутро – поздрав што се упатува наутро при средба. Добровечер – поздрав што се упатува навечер при средба.