доброволен
Значење на доброволен:
1. Што прави нешто по своја волја, без принуда. Доброволни дарители на крв.
2. Што се врши според слободната волја и желбата на вршителот. Доброволна работа. Доброволен прилог. Доброволна акција.
Членувана форма: доброволниот.
Изведени зборови:
- доброволно, прил. На доброволен начин, по своја волја, по своја желба. Соработката во истражувањето наставниците ја прифатија доброволно.
- доброволност, и. ж.
Оригинални податоци:
доброволен, доброволниот прид. 1. Што прави нешто по своја волја, без принуда. Доброволни дарители на крв. 2. Што се врши според слободната волја и желбата на вршителот. Доброволна работа. Доброволен прилог. Доброволна акција. ǁ доброволно прил. На доброволен начин, по своја волја, по своја желба. Соработката во истражувањето наставниците ја прифатија доброволно. ǁ доброволност ж.