добута

Глагол, свршен

Значење на добута:

1. (разг.) Со бутање донесе нешто до некое место; дотурка. Со последни сили ја добуткавме колата до гаражата.

2. (прен.) Дојде, со помош или со големи напори до некоја позначајна положба, до некој степен во развојот. Не можам да поверувам дека тој добутка до директор.

Коњугација: добутаат и добутка , добуткаат.

Оригинални податоци:

добута, добутаат и добутка, добуткаат св. 1. (разг.) Со бутање донесе нешто до некое место; дотурка. Со последни сили ја добуткавме колата до гаражата. 2. (прен.) Дојде, со помош или со големи напори до некоја позначајна положба, до некој степен во развојот. Не можам да поверувам дека тој добутка до директор.