додаток

Именка, машки род

Значење на додаток:

1. Тоа што се дава кон нешто за да го дополни, да го подобри и сл. Како додаток во јадењето се ставаат неколку зачини.

2. Паричен износ што се додава кон редовните примања или врз друга основа (како награда, помош и сл.). Додаток за превоз до работа.

3. (грам.) Збор или израз со кој поблиску се определува или се дополнува значењето на главните делови на реченицата. Додаток на глаголот.

Множина: додатоци.

Фразеолошки израз / поговорка:

Детски додаток – постојан месечен износ на средства, што се исплаќа на вработен родител за издршка на детето.

Оригинални податоци:

додаток, мн. додатоци м. 1. Тоа што се дава кон нешто за да го дополни, да го подобри и сл. Како додаток во јадењето се ставаат неколку зачини. 2. Паричен износ што се додава кон редовните примања или врз друга основа (како награда, помош и сл.). Додаток за превоз до работа. 3. (грам.) Збор или израз со кој поблиску се определува или се дополнува значењето на главните делови на реченицата. Додаток на глаголот. ◊ Детски додаток – постојан месечен износ на средства, што се исплаќа на вработен родител за издршка на детето.