додее
Значење на додее:
1. Стане здодевен, неинтересен, предизвика чувство на здодевност, монотонија. Си додеавме еден на друг, се знаеме напамет еден друг, нема ништо ново да се каже.
2. Стане непријатен, неподнослив; почнува да пречи. Веќе ми додеа да ги слушам нејзините лажни ветувања.
Коњугација: додеав , додеаја , додеал , додеан , додеат , додеј , додејте , (ќе) додеев , (ќе) додееја , (ќе) додеел.
Изведени зборови:
- додева, глаг. несв. додеваат
- додевање, глаг. им. ср. додевање в. досади1
Оригинални податоци:
додее, додеат; додеј, додејте; додеав, додеаја; додеал; додеан; (ќе) додеев, (ќе) додееја; (ќе) додеел св. 1. Стане здодевен, неинтересен, предизвика чувство на здодевност, монотонија. Си додеавме еден на друг, се знаеме напамет еден друг, нема ништо ново да се каже. 2. Стане непријатен, неподнослив; почнува да пречи. Веќе ми додеа да ги слушам нејзините лажни ветувања. ǁ додева, додеваат несв. ǁ глаг. им. додевање ср. в. досади1