доделка
Значење на доделка:
1. Изделка до крај. Овој камен треба да се доделка за да добие убава форма.
2. Заврши со делкање. Бочварот доцна вечерта ја доделка кацата.
Коњугација: доделкаат.
Изведени зборови:
- доделкува, глаг. несв. доделкуваат
- доделкување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Недоделкан човек – прост, груб човек.
Оригинални податоци:
доделка, доделкаат св. 1. Изделка до крај. Овој камен треба да се доделка за да добие убава форма. 2. Заврши со делкање. Бочварот доцна вечерта ја доделка кацата. ◊ Недоделкан човек – прост, груб човек. ǁ доделкува, доделкуваат несв. ǁ глаг. им. доделкување ср.