додржи
Значење на додржи:
1. Држи додека треба. Одвај го додржа да не го пушти да падне.
2. Издржи, одржи, зачува до крај. Срцето не можеше да го додржи стравот. Се загледа во неа, но не додржа, та ги подзатвори очите.
3. Достои на зборот, одржи. Внуците и синовите ветиле клетвата да ја додржат.
Коњугација: додржаа , додржат , додржел и додржал , додржен и додржан , додржете , додржи , додржив , додржија и додржав , (ќе) додржеа , (ќе) додржев , (ќе) додржел.
Изведени зборови:
- се ~ додржи, 1. Држејќи се за нешто, издржи, истрае до определен момент. Тој се додржа за една гранка, та не падна. 2. Се одржи, истрае во некаква положба; издржи, истрае во нешто. Одвај се додржа на нозе. Таа се мачеше во себе како да се додржи, а да не се заврти кон него.
- (се) додржува, глаг. несв. (се) додржуваат
Оригинални податоци:
додржи, додржат; додржи, додржете; додржив, додржија и додржав, додржаа; додржел и додржал; додржен и додржан; (ќе) додржев; (ќе) додржеа; (ќе) додржел св. 1. Држи додека треба. Одвај го додржа да не го пушти да падне. 2. Издржи, одржи, зачува до крај. Срцето не можеше да го додржи стравот. Се загледа во неа, но не додржа, та ги подзатвори очите. 3. Достои на зборот, одржи. Внуците и синовите ветиле клетвата да ја додржат. ● се ~ 1. Држејќи се за нешто, издржи, истрае до определен момент. Тој се додржа за една гранка, та не падна. 2. Се одржи, истрае во некаква положба; издржи, истрае во нешто. Одвај се додржа на нозе. Таа се мачеше во себе како да се додржи, а да не се заврти кон него. ǁ (се) додржува, (се) додржуваат несв.