догледа
Значење на догледа:
1. Види нешто од подалеку, забележи. Се сврте и назад ја догледа девојката. Ја догледа во далечината и неговата куќа.
2. Заврши со гледањето на нешто; види, изгледа до крај. Јас не го догледав филмот зашто ми се спиеше. Небото е сино, големо и ничии очи не можат да го догледаат.
3. За очи – изгуби способност да гледа, има ослабен вид. Стар е веќе, очи догледале.
4. Чува, се грижи за некого до крај. Мене зет нема да ме догледа.
Коњугација: догледаат.
Изведени зборови:
- догледува, глаг. несв. догледуваат
- догледување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
догледа, догледаат св. 1. Види нешто од подалеку, забележи. Се сврте и назад ја догледа девојката. Ја догледа во далечината и неговата куќа. 2. Заврши со гледањето на нешто; види, изгледа до крај. Јас не го догледав филмот зашто ми се спиеше. Небото е сино, големо и ничии очи не можат да го догледаат. 3. За очи – изгуби способност да гледа, има ослабен вид. Стар е веќе, очи догледале. 4. Чува, се грижи за некого до крај. Мене зет нема да ме догледа. ǁ догледува, догледуваат несв. ǁ глаг. им. догледување ср.