догори
Значење на догори:
1. Изгори до крај, престане да гори. Пламенот ќе догори и ќе остане само жарот. Цигарата му догоре меѓу прстите.
2. (прен.) Го изгуби здравјето, почине. Но сега тој глас беше начнат, како што му догоруваше здравјето. Тој догоре за неколку месеци.
Коњугација: догорат , догореа , догорев , догорел , догорен, догорете , догори .
Изведени зборови:
- догорува, глаг. несв. догоруваат
- догорување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Догори до ноктите – дојде до состојба да не може повеќе да трпи, да издржи.
Оригинални податоци:
догори, догорат; догори, догорете; догорев, догореа; догорел; догорен св. Изгори до крај, престане да гори. Пламенот ќе догори и ќе остане само жарот. Цигарата му догоре меѓу прстите. 2. (прен.) Го изгуби здравјето, почине. Но сега тој глас беше начнат, како што му догоруваше здравјето. Тој догоре за неколку месеци. ◊ Догори до ноктите – дојде до состојба да не може повеќе да трпи, да издржи. ǁ догорува, догоруваат несв. ǁ глаг. им. догорување ср.