договор
Значење на договор:
1. а) Постигната согласност, писмена или усна, помеѓу две или повеќе страни за нивните меѓусебни односи, права и задолженија; спогодба. Денес мораме да потпишеме договор и да ја уплатиме првата рата. Колективен договор. Општествен договор. б) Советување, разговор за донесување заеднички одлуки. Во оваа тивка ноќ се собравме како браќа и луѓе на договор. в) Заедничка одлука донесена по некој разговор. Телефонскиот договор за средба и интервју беше мошне кус и ефикасен.
Множина: договори.
Фразеолошки израз / поговорка:
Договор за дело – двостран договор за извршување и плаќање на определена работа.
Оригинални податоци:
договор, мн. договори м. 1. а) Постигната согласност, писмена или усна, помеѓу две или повеќе страни за нивните меѓусебни односи, права и задолженија; спогодба. Денес мораме да потпишеме договор и да ја уплатиме првата рата. Колективен договор. Општествен договор. б) Советување, разговор за донесување заеднички одлуки. Во оваа тивка ноќ се собравме како браќа и луѓе на договор. в) Заедничка одлука донесена по некој разговор. Телефонскиот договор за средба и интервју беше мошне кус и ефикасен. ◊ Договор за дело – двостран договор за извршување и плаќање на определена работа.