договори

Глагол, свршен

Значење на договори:

Постигне договор; закаже, организира (средба, состанок). Ја договорил продажбата на куќата. Таа ја договори нивната средба за утре. Секретарката ги договори сите состаноци со странките.

Коњугација: договорат.

Изведени зборови:

  • договарање, глаг. им. ср. договарање, PLUR_договарања По многу договарања го одредија денот за средба.
  • (се) договара, глаг. несв. (се) договараат 1. Се спогодува, склучува, прави договор со некого за нешто. Друго е кога ќе се собере цело село на едно место, ќе можат да се договорат за нешто. 2. Води преговори, преговара. Државите се договараа за заедничка соработка.
  • се ~ договори, Се спогоди, постигне договор. Се договорив за цената на станот. Не можат да се соберат дома, да се договорат. И двете страни се договорија за условите под кои ќе се изврши размената.

Оригинални податоци:

договори, договорат св. Постигне договор; закаже, организира (средба, состанок). Ја договорил продажбата на куќата. Таа ја договори нивната средба за утре. Секретарката ги договори сите состаноци со странките. ● се ~ Се спогоди, постигне договор. Се договорив за цената на станот. Не можат да се соберат дома, да се договорат. И двете страни се договорија за условите под кои ќе се изврши размената. ǁ (се) договара, (се) договараат несв. 1. Се спогодува, склучува, прави договор со некого за нешто. Друго е кога ќе се собере цело село на едно место, ќе можат да се договорат за нешто. 2. Води преговори, преговара. Државите се договараа за заедничка соработка. ǁ глаг. им. договарање, мн. договарања ср. По многу договарања го одредија денот за средба.