доигра

Глагол, свршен

Значење на доигра:

Заврши игра, престане да игра. Доиграјте ја играта, па соберете ги играчките. Ја доиграа партијата шах. Ќе го доиграм валцерот, па ќе си одам.

Коњугација: доиграат.

Изведени зборови:

  • доигрува, глаг. несв. доигруваат ◊ Штом си се фатил на орото, ќе го доиграш – ако се започне некоја работа, треба да се заврши.
  • доигрување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

доигра, доиграат св. Заврши игра, престане да игра. Доиграјте ја играта, па соберете ги играчките. Ја доиграа партијата шах. Ќе го доиграм валцерот, па ќе си одам. ǁ доигрува, доигруваат несв. ◊ Штом си се фатил на орото, ќе го доиграш – ако се започне некоја работа, треба да се заврши. ǁ глаг. им. доигрување ср.