доистопи 1

Глагол, свршен

Значење на доистопи:

1. Истопи сѐ, сите. Ги доистопив диплите што се за перење.

2. Истопи нешто натопено сосема, до крај. Ги доистопи алиштата минејќи преку реката.

Коњугација: доистопат.

Изведени зборови:

  • се ~ доистопи, Се истопи сосема. Се доистопи играјќи си со цревото.
  • (се) доистопува1, глаг. несв. (се) доистопуваат сп. истопи1

Оригинални податоци:

доистопи1, доистопат св. 1. Истопи сѐ, сите. Ги доистопив диплите што се за перење. 2. Истопи нешто натопено сосема, до крај. Ги доистопи алиштата минејќи преку реката. ● се ~ Се истопи сосема. Се доистопи играјќи си со цревото. ǁ (се) доистопува1, (се) доистопуваат несв. сп. истопи1