доизбере
Значење на доизбере:
1. Заврши со избирањето. Вчера ги доизбравме народните пратеници уште во останатите неколку пункта.
2. Избере од нешто што останало. Ги доизбрав поубавите круши од кошницата.
Коњугација: доизберат , доизберен, доизберете , доизбери , доизбраа , доизбрав , доизбрал , доизбран , (ќе) доизбереа , (ќе) доизберев , (ќе) доизберел .
Изведени зборови:
- доизбира, глаг. несв. доизбираат
- доизбирање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
доизбере, доизберат; доизбери, доизберете; доизбрав, доизбраа; доизбрал; доизбран; (ќе) доизберев, (ќе) доизбереа; (ќе) доизберел; доизберен св. 1. Заврши со избирањето. Вчера ги доизбравме народните пратеници уште во останатите неколку пункта. 2. Избере од нешто што останало. Ги доизбрав поубавите круши од кошницата. ǁ доизбира, доизбираат несв. ǁ глаг. им. доизбирање ср.