доизгледа

Глагол, свршен

Значење на доизгледа:

1. Изгледа нешто или некого сосема, од сите страни, заврши со гледање. Ја доизгледа претставата и му се допадна.

2. (прен.) Догледа, дочува старо лице (или дете). Синот ги доизгледа родителите. Мајка ми почина, па мене ме доизгледа баба ми.

Коњугација: доизгледаат.

Изведени зборови:

  • доизгледува, глаг. несв. доизгледуваат

Оригинални податоци:

доизгледа, доизгледаат, св. 1. Изгледа нешто или некого сосема, од сите страни, заврши со гледање. Ја доизгледа претставата и му се допадна. 2. (прен.) Догледа, дочува старо лице (или дете). Синот ги доизгледа родителите. Мајка ми почина, па мене ме доизгледа баба ми. ǁ доизгледува, доизгледуваат несв.