дојаде

Глагол, свршен

Значење на дојаде:

1. Заврши со јадењето. Набрзина ја дојаде мусаката и излезе.

2. (прен.) а) Потроши. Сакаш да ѝ го дојадеш имотот што ѝ го остави татко ѝ? б) Уништи, упропасти. Зарем те родив за да ме јадеш и да ме дојадеш? Болеста го дојаде старецот.

Коњугација: дојадат.

Изведени зборови:

  • се ~ дојаде, безл. Ми дојде желба за јадење, ми се пријаде. Му се дојаде кога го почувствува мирисот на печени костени.
  • (се) дојадува, глаг. несв. (се) дојадуваат

Оригинални податоци:

дојаде, дојадат св. 1. Заврши со јадењето. Набрзина ја дојаде мусаката и излезе. 2. (прен.) а) Потроши. Сакаш да ѝ го дојадеш имотот што ѝ го остави татко ѝ? б) Уништи, упропасти. Зарем те родив за да ме јадеш и да ме дојадеш? Болеста го дојаде старецот. ● се ~ безл. (ми, ти, му) се ~ Ми дојде желба за јадење, ми се пријаде. Му се дојаде кога го почувствува мирисот на печени костени. ǁ (се) дојадува, (се) дојадуваат несв.