докај
Значење на докај:
1. За означување на приближен временски период. Општинските работи се наоѓале во рацете на малубројните трговци докај 60-тите години. Пазарот свршува докај ужина.
2. За означување на бројна приближност; околу. Растојание меѓу редовите оставаат докај шеесет сантими. Ќе гледаш да купиш нешто поевтино, докај педесет денари.
3. Со просторно значење – до некое место, до некого. Отиде докај чешмата. Се прошетавме докај паркот. Одовде докај нив не е далеку.
Оригинални податоци:
докај предл. 1. За означување на приближен временски период. Општинските работи се наоѓале во рацете на малубројните трговци докај 60-тите години. Пазарот свршува докај ужина. 2. За означување на бројна приближност; околу. Растојание меѓу редовите оставаат докај шеесет сантими. Ќе гледаш да купиш нешто поевтино, докај педесет денари. 3. Со просторно значење – до некое место, до некого. Отиде докај чешмата. Се прошетавме докај паркот. Одовде докај нив не е далеку.