докаже

Глагол, свршен

Значење на докаже:

1. Каже, раскаже нешто до крај. Не ми докажа што стана понатаму. Селаните не го оставија да докаже до крај.

2. Ја потврди со аргументи вистинитоста, точноста на нешто. Кога ќе докажам со факти, ќе биде доцна да го одбраниш крадецот. Докажавме дека е возможно да се бориме и со посилен непријател. Никој ништо не истражувал и не докажувал.

3. Увери, убеди некого во нешто. Докажав дека не ми е страв од оган и смрт.

Коњугација: докажаа , докажав , докажал , докажан , докажат , докажете , докажи , (ќе) докажеа , (ќе) докажев , (ќе) докажел.

Изведени зборови:

  • докажување, глаг. им. ср.
  • се ~ докаже, Се истакне, се наметне со својата работа. Ако сака да биде примена кај нас, мора на некој начин да се докаже.
  • (се) докажува, глаг. несв. (се) докажуваат

Оригинални податоци:

докаже, докажат; докажи, докажете; докажав, докажаа; докажал; докажан; (ќе) докажев, (ќе) докажеа; (ќе) докажел св. 1. Каже, раскаже нешто до крај. Не ми докажа што стана понатаму. Селаните не го оставија да докаже до крај. 2. Ја потврди со аргументи вистинитоста, точноста на нешто. Кога ќе докажам со факти, ќе биде доцна да го одбраниш крадецот. Докажавме дека е возможно да се бориме и со посилен непријател. Никој ништо не истражувал и не докажувал. 3. Увери, убеди некого во нешто. Докажав дека не ми е страв од оган и смрт. ● се ~ Се истакне, се наметне со својата работа. Ако сака да биде примена кај нас, мора на некој начин да се докаже. ǁ (се) докажува, (се) докажуваат несв. ǁ глаг. им. докажување ср.