доколку
Значење на доколку:
1. За означување на сразмерност (во сооднос/заедно со прилогот дотолку). Доколку му беше мачно што не стигнаа во некое населено место, дотолку господарот му беше задоволен што ќе може да преспие под ведро небо. Доколку би се успеало да се определат сите лексички синоними, дотолку појасна слика би имале за првобитниот словенски превод.
2. За означување на можност, веројатност; ако. Ја молам одбраната да продолжи со прашањата, доколку ги има. Би сакал да зборувам со госпоѓата, доколку не сум ја погрешил куќата.
Алтернативно: до колку
Оригинални податоци:
доколку и до колку сврз. 1. За означување на сразмерност (во сооднос/заедно со прилогот дотолку). Доколку му беше мачно што не стигнаа во некое населено место, дотолку господарот му беше задоволен што ќе може да преспие под ведро небо. Доколку би се успеало да се определат сите лексички синоними, дотолку појасна слика би имале за првобитниот словенски превод. 2. За означување на можност, веројатност; ако. Ја молам одбраната да продолжи со прашањата, доколку ги има. Би сакал да зборувам со госпоѓата, доколку не сум ја погрешил куќата.