докрај

Прилог

Значење на докрај:

1. За означување на некаков момент во времето; до последен момент. Таа девојка учествуваше на свеченостите, но никогаш не остануваше докрај. Ние ветуваме дека ќе издржиме докрај, до конечната победа.

2. За означување на краен, последен степен од развојот на нешто. Беше решена да оди докрај во својата намера. Имаше голема желба да го изучи синот докрај. Сака да ја дотера докрај работата.

3. Наполно, потполно, сосема. Стилот е докрај субјективна и неповторлива појава. Малку е веројатно дека текот на неговите мисли докрај ќе се поклопи со оние кај другите.

Алтернативно: до крај

Фразеолошки израз / поговорка:

открај - докрај – од едниот до другиот крај, од почеток до крај.

Оригинални податоци:

докрај и до крај прил. 1. За означување на некаков момент во времето; до последен момент. Таа девојка учествуваше на свеченостите, но никогаш не остануваше докрај. Ние ветуваме дека ќе издржиме докрај, до конечната победа. 2. За означување на краен, последен степен од развојот на нешто. Беше решена да оди докрај во својата намера. Имаше голема желба да го изучи синот докрај. Сака да ја дотера докрај работата. 3. Наполно, потполно, сосема. Стилот е докрај субјективна и неповторлива појава. Малку е веројатно дека текот на неговите мисли докрај ќе се поклопи со оние кај другите. ◊ открај - докрај – од едниот до другиот крај, од почеток до крај.