докрепи

Глагол, свршен

Значење на докрепи:

1. Додржи, потпре до крај. Гредите го докрепија таванот.

2. Издржи, поднесе нешто до крај. Не можев да ги докрепам болките. Кога би можеле да докрепите само уште неколку часа.

Коњугација: докрепат.

Изведени зборови:

  • се ~ докрепи, Се додржи, издржи до крај. Одвај се докрепи на нозете.
  • (се) докрепува, глаг. несв. (се) докрепуваат

Оригинални податоци:

докрепи, докрепат св. 1. Додржи, потпре до крај. Гредите го докрепија таванот. 2. Издржи, поднесе нешто до крај. Не можев да ги докрепам болките. Кога би можеле да докрепите само уште неколку часа. ● се ~ Се додржи, издржи до крај. Одвај се докрепи на нозете. ǁ (се) докрепува, (се) докрепуваат несв.