доктор

Именка, машки род

Значење на доктор:

1. (само едн.) Највисок академски степен што се добива со изработка и одбрана на значаен научен труд во определена област на науката. Кандидатот се здоби со научен степен доктор по филолошки науки.

2. Лице што се здобило со таков научен степен. Тој е доктор по филозофија.

3. Лекар.

4. (прен.) Лице што се разбира во нешто, што е добар познавач на нешто. Отецот беше доктор за вино.

Множина: доктори.

Изведени зборови:

  • докторка, и. ж. сп. доктор 2, 3 и 4.
  • докторски, прид. докторскиот Што се однесува на доктор 2, 3 и на докторат. Докторски испит. Докторска дисертација.

Фразеолошки израз / поговорка:

Почесен доктор – титула што се доделува на научен или општествен работник како признание за големите заслуги во областа на науката или на општествениот живот.

Оригинални податоци:

доктор, мн. доктори м. 1. (само едн.) Највисок академски степен што се добива со изработка и одбрана на значаен научен труд во определена област на науката. Кандидатот се здоби со научен степен доктор по филолошки науки. 2. Лице што се здобило со таков научен степен. Тој е доктор по филозофија. 3. Лекар. 4. (прен.) Лице што се разбира во нешто, што е добар познавач на нешто. Отецот беше доктор за вино. ◊ Почесен доктор – титула што се доделува на научен или општествен работник како признание за големите заслуги во областа на науката или на општествениот живот. ǁ докторка, мн. докторки ж. сп. доктор 2, 3 и 4. ǁ докторски, докторскиот прид. Што се однесува на доктор 2, 3 и на докторат. Докторски испит. Докторска дисертација.