документ

Именка, машки род

Значење на документ:

1. Официјално издаден текст со определени податоци што може да послужи како доказ или потврда за нешто. Лични документи. Патни документи. Документи за идентификација.

2. Веродостоен податок, факт што сведочи за нешто, што има историска важност. Нивната поезија е многу интересен документ за македонскиот живот во тоа време. Програмите по македонски јазик се основни општествени документи.

Множина: документи.

Оригинални податоци:

документ, мн. документи м. 1. Официјално издаден текст со определени податоци што може да послужи како доказ или потврда за нешто. Лични документи. Патни документи. Документи за идентификација. 2. Веродостоен податок, факт што сведочи за нешто, што има историска важност. Нивната поезија е многу интересен документ за македонскиот живот во тоа време. Програмите по македонски јазик се основни општествени документи.