долее
Значење на долее:
1. Дотури, досипе уште некаква течност. Тој им долеа вино на гостите.
2. Дополни со течност до врв или до определена мера. Ги долеа стомните со вода.
Коњугација: долеав , долеаја , долеал , долеан , долеат , долеен, долеј , долејте , (ќе) долеев , (ќе) долееја , (ќе) долеел .
Изведени зборови:
- долева, глаг. несв. долеваат
- долевање, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Долева масло на оган – уште повеќе влошува определена ситуација.
Оригинални податоци:
долее, долеат; долеј, долејте; долеав, долеаја; долеал; долеан; (ќе) долеев, (ќе) долееја; (ќе) долеел; долеен св. 1. Дотури, досипе уште некаква течност. Тој им долеа вино на гостите. 2. Дополни со течност до врв или до определена мера. Ги долеа стомните со вода. ◊ Долева масло на оган – уште повеќе влошува определена ситуација. ǁ долева, долеваат несв. ǁ глаг. им. долевање ср.