долен
Значење на долен:
1. Што е долу, под нешто друго, што се наоѓа на помала висина; горен. Долна усна. Долна страна. Долни гранки. Долни скалила.
2. Што се наоѓа на понискиот дел од определен простор. Тргна по долниот пат. Куќата беше на долниот крај на селото. Гостите од долното одајче се разидуваа. Сонцето ги накачи долните сртови.
3. За облека – што се носи под друга облека, непосредно до телото. Шеткаше само по долната кошула. Шиеше долна облека. Им ги переа долните алишта на офицерите.
4. (прен.) Што е на понизок степен во определена хиерархија. Тој бил од долен сој. Се дружеше со луѓе од долната класа. Во долните класови целта на наставата е практична. Го сметаше за подолен од себеси.
5. (прен.) Што е лош, нечесен. Господарот на замокот беше страшливец и долен човек. Здравјето е најдолен предавник. Ќе ги примат од нив само долните страни на нивниот карактер.
Множина: долни.
Членувана форма: долниот.
Оригинални податоци:
долен и долни, долниот прид. 1. Што е долу, под нешто друго, што се наоѓа на помала висина; спрот. горен. Долна усна. Долна страна. Долни гранки. Долни скалила. 2. Што се наоѓа на понискиот дел од определен простор. Тргна по долниот пат. Куќата беше на долниот крај на селото. Гостите од долното одајче се разидуваа. Сонцето ги накачи долните сртови. 3. За облека – што се носи под друга облека, непосредно до телото. Шеткаше само по долната кошула. Шиеше долна облека. Им ги переа долните алишта на офицерите. 4. (прен.) Што е на понизок степен во определена хиерархија. Тој бил од долен сој. Се дружеше со луѓе од долната класа. Во долните класови целта на наставата е практична. Го сметаше за подолен од себеси. 5. (прен.) Што е лош, нечесен. Господарот на замокот беше страшливец и долен човек. Здравјето е најдолен предавник. Ќе ги примат од нив само долните страни на нивниот карактер.