долг
Значење на долг:
1. Што има голема должина; краток, кус. Долг чардак. Долга рака. Долга пушка. Долги бради.
2. Што има определена должина, растојание од едниот до другиот крај. Патот беше долг повеќе од една милја. Таа просторија беше долга десетина метри. Падна во несвест, па колку што е долг се испружи на постелата. Му се чинеше дека оваа улица е најдолгата за која се знае.
3. (прен.) Што трае многу време, што е долготраен. Само еден митралез го бараше со долг рафал. Денот им се виде подолг одошто во нивните места. Тоа е долга приказна. Тие чувствуваа слабост кон долгите говорења. Во долгите зимски ноќи ветерот касаше како гладен волк.
4. Што означува определен временски период: ден, месец, година и сл. Останаа долго време во водата. Кој ќе ја поднесува зимата уште долги месеци. Во задушните фабрички сали преживеа долги години.
Членувана форма: долгиот.
Изведени зборови:
- долгичок, прид. долгичкиот дем. Неговата брада е долгичка, но ретка.
- долго, прил. Се ракуваа долго. Долго те немаше. Долго работевме.
Фразеолошки израз / поговорка:
Долга и широка – за работа, случка и сл. што е многу сложена, непријатна или пак за чиешто раскажување или извршување треба многу време. Долга магарица – вид детска игра. Има долг јазик – многу зборува и не води сметка, не внимава што кажува. Има долга рака – краде.
Оригинални податоци:
долг, долгиот прид. 1. Што има голема должина; спрот. краток, кус. Долг чардак. Долга рака. Долга пушка. Долги бради. 2. Што има определена должина, растојание од едниот до другиот крај. Патот беше долг повеќе од една милја. Таа просторија беше долга десетина метри. Падна во несвест, па колку што е долг се испружи на постелата. Му се чинеше дека оваа улица е најдолгата за која се знае. 3. (прен.) Што трае многу време, што е долготраен. Само еден митралез го бараше со долг рафал. Денот им се виде подолг одошто во нивните места. Тоа е долга приказна. Тие чувствуваа слабост кон долгите говорења. Во долгите зимски ноќи ветерот касаше како гладен волк. 4. Што означува определен временски период: ден, месец, година и сл. Останаа долго време во водата. Кој ќе ја поднесува зимата уште долги месеци. Во задушните фабрички сали преживеа долги години. ◊ Долга и широка – за работа, случка и сл. што е многу сложена, непријатна или пак за чиешто раскажување или извршување треба многу време. Долга магарица – вид детска игра. Има долг јазик – многу зборува и не води сметка, не внимава што кажува. Има долга рака – краде. ǁ долгичок, долгичкиот прид. дем. Неговата брада е долгичка, но ретка. ǁ долго прил. Се ракуваа долго. Долго те немаше. Долго работевме.