долина

Именка, женски род

Значење на долина:

Издолжен, вдлабнат простор, рамнина меѓу ридови, обично по текот на река. Густа магла ја исполнуваше долината. Не забележа кога ги помина трите огромни долини. Тој ги носи риболовците по долината на реката. Песната живее во долините на реките и полињата.

Множина: долини.

Изведени зборови:

  • долинка, и. ж. мн. долинки ; долинче, мн. долинчиња ср. дем.
  • долински, прид. долинскиот

Оригинални податоци:

долина, мн. долини ж. Издолжен, вдлабнат простор, рамнина меѓу ридови, обично по текот на река. Густа магла ја исполнуваше долината. Не забележа кога ги помина трите огромни долини. Тој ги носи риболовците по долината на реката. Песната живее во долините на реките и полињата. ǁ долинка, мн. долинки ж.; долинче, мн. долинчиња ср. дем. ǁ долински, долинскиот прид.