долови

Глагол, свршен

Значење на долови:

Сфати, разбере, проникне во суштината на нешто; прими нешто преку сетилата. Сакаше да го долови секој детаљ. Се обидував да ги доловам неговите душевни потреси.

Коњугација: доловат.

Изведени зборови:

  • доловува, глаг. несв. доловуваат
  • доловување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

долови, доловат св. Сфати, разбере, проникне во суштината на нешто; прими нешто преку сетилата. Сакаше да го долови секој детаљ. Се обидував да ги доловам неговите душевни потреси. ǁ доловува, доловуваат несв. ǁ глаг. им. доловување ср.