долу

Прилог

Значење на долу:

1. На ниско, на пониско место, под некое друго место; горе. Со трчаница скокнала од карпата долу. Го чекаше старецот долу на мостот. Слезе неколку скалила подолу. Тргна долу по ридот.

2. На долниот дел од нешто, на дното, на крајот од нешто. Носеше црни панталони, долги та долу широки. Во орманот долу има една кутија од чевли. Неговата коса беше израстена дури долу по вратот.

3. (прен.) За означување на понизок степен во рангирање на нешто. И сега толку долу да падне, да се влечка пијан по крчмите. Во облекувањето не паѓаше подолу од другите мариовски жени.

4. Како извик за изразување на незадоволство, негодување, протест. Долу оружјето! Долу владата! Долу крвопијците, да живее слободата!

Фразеолошки израз / поговорка:

Горе-долу – приближно. Горе високо, долу длабоко – се наоѓа во безизлезна ситуација.

Оригинални податоци:

долу прил. 1. На ниско, на пониско место, под некое друго место; спрот. горе. Со трчаница скокнала од карпата долу. Го чекаше старецот долу на мостот. Слезе неколку скалила подолу. Тргна долу по ридот. 2. На долниот дел од нешто, на дното, на крајот од нешто. Носеше црни панталони, долги та долу широки. Во орманот долу има една кутија од чевли. Неговата коса беше израстена дури долу по вратот. 3. (прен.) За означување на понизок степен во рангирање на нешто. И сега толку долу да падне, да се влечка пијан по крчмите. Во облекувањето не паѓаше подолу од другите мариовски жени. 4. Како извик за изразување на незадоволство, негодување, протест. Долу оружјето! Долу владата! Долу крвопијците, да живее слободата! ◊ Горе-долу – приближно. Горе високо, долу длабоко – се наоѓа во безизлезна ситуација.