должен

Придавка

Значење на должен:

1. Што има долг за плаќање, за враќање; должи1 Тој никому должен не останува. Останаа должни седумнаесет лири.

2. Што има обврска спрема некого или нешто; должи1 2. Тој е должен да носи пиење и јадење. Владата е должна да преземе мерки. Се чувствуваа должни да се прекрстат.

3. Што е неопходен. Треба да му се оддаде должното признание. Го слушаше со должното внимание.

Членувана форма: должниот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ни крив ни должен – што нема никаква вина, што е невин.

Оригинални податоци:

должен, должниот прид. 1. Што има долг за плаќање, за враќање; сп. должи1 1. Тој никому должен не останува. Останаа должни седумнаесет лири. 2. Што има обврска спрема некого или нешто; сп. должи1 2. Тој е должен да носи пиење и јадење. Владата е должна да преземе мерки. Се чувствуваа должни да се прекрстат. 3. Што е неопходен. Треба да му се оддаде должното признание. Го слушаше со должното внимание. ◊ Ни крив ни должен – што нема никаква вина, што е невин.