должи 1

Глагол, несвршен

Значење на должи:

1. Има долг, должен е некому. Ти ми должиш мене пари и брашно. Уште ми ги должи парите што му ги дадов.

2. Има морална обврска спрема некого. Својот живот му го должам само на еден човек. Верувам дека ова што сум сега им го должам на родителите. На децата им должиме големо внимание.

3. Има задолжение да направи нешто, да возврати или даде некому нешто. Тој ѝ должеше извинување. Јас ви должам објаснување. Тој е должен да го знае тоа.

Коњугација: должат.

Изведени зборови:

  • се ~ должи, (само во 3 л. едн. и мн.) Произлегува од нешто, е резултат на нешто. Сѐ што постигнала се должи на нејзините две раце. Ваквиот успех се должи на самостојната работа на учениците. Добрите резултати се должат, пред сѐ, на целосното ангажирање на сите вработени.

Оригинални податоци:

должи1, должат несв. 1. Има долг, должен е некому. Ти ми должиш мене пари и брашно. Уште ми ги должи парите што му ги дадов. 2. Има морална обврска спрема некого. Својот живот му го должам само на еден човек. Верувам дека ова што сум сега им го должам на родителите. На децата им должиме големо внимание. 3. Има задолжение да направи нешто, да возврати или даде некому нешто. Тој ѝ должеше извинување. Јас ви должам објаснување. Тој е должен да го знае тоа. ● се ~ (само во 3 л. едн. и мн.) Произлегува од нешто, е резултат на нешто. Сѐ што постигнала се должи на нејзините две раце. Ваквиот успех се должи на самостојната работа на учениците. Добрите резултати се должат, пред сѐ, на целосното ангажирање на сите вработени.