должи 2
Значење на должи:
1. Продолжува, развлекува нешто во должина, прави да биде уште подолго. Облаците ги должеа своите сенки. Таа знаеше да ги должи вечерите како преѓата на своето вретено.
2. Излага, раскажува опширно, со многу детали (за говор, разговор и сл.) Нема да должам многу во кажувањето. Должиш како роман во продолженија.
Коњугација: должат.
Изведени зборови:
- се ~ должи, 1. Се протега во еден правец, се издолжува. Патот се должи, крај нема. Меѓу нив се должеа железни сенки. По црната површина на езерото почнаа да играат сенките, да се должат. 2. Се развлекува, трае многу долго. Тишината се должеше во глувиот планински дол. Се должеше гласот на калуѓерот.
Оригинални податоци:
должи2, должат несв. 1. Продолжува, развлекува нешто во должина, прави да биде уште подолго. Облаците ги должеа своите сенки. Таа знаеше да ги должи вечерите како преѓата на своето вретено. 2. Излага, раскажува опширно, со многу детали (за говор, разговор и сл.) Нема да должам многу во кажувањето. Должиш како роман во продолженија. ● се ~ 1. Се протега во еден правец, се издолжува. Патот се должи, крај нема. Меѓу нив се должеа железни сенки. По црната површина на езерото почнаа да играат сенките, да се должат. 2. Се развлекува, трае многу долго. Тишината се должеше во глувиот планински дол. Се должеше гласот на калуѓерот.