должина
Значење на должина:
1. Простирање, протегање на нешто од едниот до другиот спротивен крај, обично во хоризонтален правец. Во должина на пристанишниот кеј лежеа купишта сандаци. Улицата беше препречена по целата своја должина. Се спружи со сета своја должина врз фотелјата.
2. (само едн.) Временско растојание во кое нешто се случува, времетраење. Вообичаено е должината на часот да трае 45 минути.
Множина: должини.
Изведени зборови:
- должински, прид. должинскиот
Фразеолошки израз / поговорка:
Географска должина – една од географските координати што ја определува положбата на некоја точка од Земјата според гриничкиот меридијан. Бранова должина в. бран.
Оригинални податоци:
должина, мн. должини ж. 1. Простирање, протегање на нешто од едниот до другиот спротивен крај, обично во хоризонтален правец. Во должина на пристанишниот кеј лежеа купишта сандаци. Улицата беше препречена по целата своја должина. Се спружи со сета своја должина врз фотелјата. 2. (само едн.) Временско растојание во кое нешто се случува, времетраење. Вообичаено е должината на часот да трае 45 минути. ◊ Географска должина – една од географските координати што ја определува положбата на некоја точка од Земјата според гриничкиот меридијан. Бранова должина в. бран. ǁ должински, должинскиот прид.