должник

Именка, машки род

Значење на должник:

1. Лице што има долг, што должи некому нешто. Во определените рокови за отплаќање на ратите, должникот се јавуваше сам. Дај ми го списокот на должниците.

2. (прен.) Лице што треба да исполни некоја морална обврска или должност. Ние сме му должници на оној што го донесе огнот.

Множина: должници.

Оригинални податоци:

должник, мн. должници м. 1. Лице што има долг, што должи некому нешто. Во определените рокови за отплаќање на ратите, должникот се јавуваше сам. Дај ми го списокот на должниците. 2. (прен.) Лице што треба да исполни некоја морална обврска или должност. Ние сме му должници на оној што го донесе огнот.