должност
Значење на должност:
1. Тоа што мора или треба да се направи; обврска. Во нашата куќа, мајкина должност беше да ги измолзе овците. Секој член на организацијата треба да ги знае своите должности. Граѓанска должност. Брачни должности.
2. Работа, служба, професија. Мислеше на неговото сменување од секретарската должност. Стапи на новата должност.
Множина: должности.
Членувана форма: должноста.
Оригинални податоци:
должност, должноста, мн. должности ж. 1. Тоа што мора или треба да се направи; обврска. Во нашата куќа, мајкина должност беше да ги измолзе овците. Секој член на организацијата треба да ги знае своите должности. Граѓанска должност. Брачни должности. 2. Работа, служба, професија. Мислеше на неговото сменување од секретарската должност. Стапи на новата должност.