дом

Именка, машки род

Значење на дом:

1. Куќа или стан како место за живеење; живеалиште. Тој чекореше кон својот дом. Тие добија нови домови и покуќнина.

2. Семејство, семејна заедница. Создаде свој дом.

3. Установа, управа за некоја општествена потреба и зградата во која е сместена. Студентски дом. Детски дом. Здравствен дом. Младински дом. Дом на културата.

4. (прен.) Родно место, татковина. Гореа од желба да си го посетат родниот дом.

5. Едно од двете тела што го сочинуваат собранието во некои земји; сенат. Спогодбата треба да биде одобрена и од двата дома.

Множина: дома, домови.

Изведени зборови:

  • домче, и. ср. Дем. и хип. кон значењето 1 и 4.

Фразеолошки израз / поговорка:

Божји (господов) дом – црква, храм. Вечен дом – гроб. Законодавен дом – собрание, парламент.

Оригинални податоци:

дом, мн. домови, избр. мн. дома м. 1. Куќа или стан како место за живеење; живеалиште. Тој чекореше кон својот дом. Тие добија нови домови и покуќнина. 2. Семејство, семејна заедница. Создаде свој дом. 3. Установа, управа за некоја општествена потреба и зградата во која е сместена. Студентски дом. Детски дом. Здравствен дом. Младински дом. Дом на културата. 4. (прен.) Родно место, татковина. Гореа од желба да си го посетат родниот дом. 5. Едно од двете тела што го сочинуваат собранието во некои земји; сенат. Спогодбата треба да биде одобрена и од двата дома. ◊ Божји (господов) дом – црква, храм. Вечен дом – гроб. Законодавен дом – собрание, парламент. ǁ домче, мн. домчиња ср. Дем. и хип. кон значењето 1 и 4.