дома

Прилог

Значење на дома:

1. Во својот дом, в куќи. Имам работа дома. Татко му е дома. Оди си дома. Се враќаше дома кај своите. Дома нема никој.

2. За означување на најблиските, на семејството. Дома како сте? 3. (спорт.) За означување на домашниот терен на кој се игра некој натпревар. Германија загуби од Холандија дома. Кипар дома ја победи Малта. 4. (разг.) Како им., само едн. дом Тие беа одвикнати да имаат своја дома. Гавраништа имаше во секоја дома.

Фразеолошки израз / поговорка:

Како дома да (е) – се однесува, се чувствува многу добро, удобно, спокојно.

Оригинални податоци:

дома прил. 1. Во својот дом, в куќи. Имам работа дома. Татко му е дома. Оди си дома. Се враќаше дома кај своите. Дома нема никој. 2. За означување на најблиските, на семејството. Дома како сте? 3. (спорт.) За означување на домашниот терен на кој се игра некој натпревар. Германија загуби од Холандија дома. Кипар дома ја победи Малта. 4. (разг.) Како им., само едн. сп. дом 1. Тие беа одвикнати да имаат своја дома. Гавраништа имаше во секоја дома. ◊ Како дома да (е) – се однесува, се чувствува многу добро, удобно, спокојно.