домаќин
Значење на домаќин:
1. Лице што управува со куќата, со домот; глава на семејството, стопан. Секој домаќин си остава наследник на куќата. Многу домаќини ги напуштија своите огништа.
2. Лице што добро го води своето домаќинство; чесен, угледен, богат човек. Тој беше умен домаќин што знае да стави пара врз пара. Сватовите беа чесни луѓе и добри домаќини. Тој е еден од првите домаќини во селото.
3. Лице што прима некого како гостин. Домаќинот ги покани гостите да се напијат. Гостинот и домаќинот си ги сретнаа погледите. Домаќините ги поканија гостите за вечера.
4. Лице (правно или физичко) што организира некаков собир, прослава и сл. Најголем број учесници на конгресот беа од земјата домаќин. Му се заблагодари на домаќинот за добриот пречек и условите што ги имале.
5. Службено лице што се грижи за набавките во некоја фирма, установа и сл. Работи како домаќин во едно училиште.
6. (разг.) Сопруг, маж. Покојниот домаќин мој ми кажувал за него. Домаќине, кутри домаќине, кому ме остави црна кукавица! 7. (спорт.) Клуб, екипа на чијшто терен се игра некој натпревар. Во редовите на домаќинот настапија и двајцата наши репрезентативци. Целосната доминација на теренот му ја препуштивме на домаќинот. 8. Како прид. домаќин 2. Те сметав за домаќин човек. Можеш и на заем да даваш ако си домаќин човек. Ние сме подомаќини од него.
Множина: домаќини.
Оригинални податоци:
домаќин, мн. домаќини м. 1. Лице што управува со куќата, со домот; глава на семејството, стопан. Секој домаќин си остава наследник на куќата. Многу домаќини ги напуштија своите огништа. 2. Лице што добро го води своето домаќинство; чесен, угледен, богат човек. Тој беше умен домаќин што знае да стави пара врз пара. Сватовите беа чесни луѓе и добри домаќини. Тој е еден од првите домаќини во селото. 3. Лице што прима некого како гостин. Домаќинот ги покани гостите да се напијат. Гостинот и домаќинот си ги сретнаа погледите. Домаќините ги поканија гостите за вечера. 4. Лице (правно или физичко) што организира некаков собир, прослава и сл. Најголем број учесници на конгресот беа од земјата домаќин. Му се заблагодари на домаќинот за добриот пречек и условите што ги имале. 5. Службено лице што се грижи за набавките во некоја фирма, установа и сл. Работи како домаќин во едно училиште. 6. (разг.) Сопруг, маж. Покојниот домаќин мој ми кажувал за него. Домаќине, кутри домаќине, кому ме остави црна кукавица! 7. (спорт.) Клуб, екипа на чијшто терен се игра некој натпревар. Во редовите на домаќинот настапија и двајцата наши репрезентативци. Целосната доминација на теренот му ја препуштивме на домаќинот. 8. Како прид. в. домаќин 2. Те сметав за домаќин човек. Можеш и на заем да даваш ако си домаќин човек. Ние сме подомаќини од него.