домашен

Придавка

Значење на домашен:

1. Што се однесува на домот, на семејството, што има работа, служба поврзана со домот или со семејството. Домашна адреса. Домашно воспитување. Домашен лекар. Домашна послуга. Домашни помошнички.

2. Што се носи, се употребува само дома. Беше облечена во домашниот износен фустан. Се појави на балконот во домашна наметка. Беа облечени во стари домашни алишта.

3. Што е направен, изработен дома (а не во фабрика, на училиште и сл.). Домашна ракија. Домашно производство. Домашно платно. Домашна задача.

4. Што се однесува на местото во кое се живее, на сопствената земја, на татковината. Домашни производи. Домашна кујна. Домашна публика. Домашни писатели.

5. (зоол., бот.) Што живее со човекот, што е питом, што се одгледува. Домашна пајка. Домашна пчела. Домашни птици. Домашни животни. Домашна лоза.

6. Како им., само а) (спорт.) Припадник на клубот на чијшто терен се игра некој натпревар. Домашните во финишот можеа да остварат и поубедлива победа. б) Членови на семејството. Домашните не ги најде дома. Парите ги криеше и од своите домашни. Домашните сите молчеа.

Членувана форма: домашниот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Домашниот есап на пазар не излегува – планирањето на некоја работа не зависи само од нас.

Оригинални податоци:

домашен, домашниот прид. 1. Што се однесува на домот, на семејството, што има работа, служба поврзана со домот или со семејството. Домашна адреса. Домашно воспитување. Домашен лекар. Домашна послуга. Домашни помошнички. 2. Што се носи, се употребува само дома. Беше облечена во домашниот износен фустан. Се појави на балконот во домашна наметка. Беа облечени во стари домашни алишта. 3. Што е направен, изработен дома (а не во фабрика, на училиште и сл.). Домашна ракија. Домашно производство. Домашно платно. Домашна задача. 4. Што се однесува на местото во кое се живее, на сопствената земја, на татковината. Домашни производи. Домашна кујна. Домашна публика. Домашни писатели. 5. (зоол., бот.) Што живее со човекот, што е питом, што се одгледува. Домашна пајка. Домашна пчела. Домашни птици. Домашни животни. Домашна лоза. 6. Како им., само мн. а) (спорт.) Припадник на клубот на чијшто терен се игра некој натпревар. Домашните во финишот можеа да остварат и поубедлива победа. б) Членови на семејството. Домашните не ги најде дома. Парите ги криеше и од своите домашни. Домашните сите молчеа. ◊ Домашниот есап на пазар не излегува – планирањето на некоја работа не зависи само од нас.